Муцунски: Стратешкото партнерство со САД носи конкретни резултати

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изјави дека соработката помеѓу Скопје и Вашингтон продолжува да се продлабочува со сè поконкретна содржина. Тоа го истакна во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител, по враќањето на македонската делегација од учеството на Генералното собрание на ОН во Њујорк, каде премиерот Христијан Мицкоски и неговата сопруга присуствуваа на прием во чест на претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама Меланија Трамп.

Според Муцунски, размената на стоки со САД бележи значителен раст, а извозот на македонски производи на американскиот пазар се зголемува, што придонесува за зачувување на работните места во извозно ориентираните компании. Тој додаде дека се води и активен дијалог со американската Меѓународна корпорација за финансирање на развојот (DFC) околу можни инвестиции, а Скопје ја поддржува иницијативата „Трговија наместо помош“, насочена кон поттикнување стратешки инвестиции и економска соработка меѓу двете земји.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top