Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во средата треба да патува во Санкт Петербург на средба со рускиот претседател Владимир Путин, носејќи нов, ажуриран предлог за завршување на војната во Украина. Според американски извор цитиран од Аксиос, во разговорите виртуелно ќе учествува и Џаред Кушнер. Патувањето доаға по средбата на Виткоф со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Осло, на која присуствувале и претставници на Норвешка, Финска, Франција, Велика Британија, Германија, Полска, ЕУ и НАТО, а главна тема била заедничка рамковна спогодба за мир. Американски функционер ги оцени разговорите како „значаен напредок“.
Во знак на добра волја кон Москва, Вашингтон веќе ги укина санкциите за руски извоз на дизел гориво – чекор што Кремљ го поздрави. Зеленски истакна дека следниот чекор треба да биде тристрана средба со Путин и Трамп, формат што Русија досега го одбиваше. Трамп, од своја страна, изјави дека Русија „сака да се реши“ прашањето, но изрази сомнеж дали Зеленски навистина сака крај на војната, предупредувајќи дека, доколку не се постигне договор, положбата на Украина „само ќе се влошува“.
Разговорите во Осло, како и најавената средба во Санкт Петербург, доағаат во период кога Белата куќа се поотворено притиска за итно постигнување на рамковна спогодба меѓу двете завојувани страни.

